Мишел Обама дефинитивно не е само пример за многу жени во светот, туку таа е и стилска икона. Таа успеа да направи сите џемпери и „пенкало“ здолништа буквално да ги „снема“ од полиците на продавниците на J.Crew.
Покрај тоа, првата дама на САД многу им помогна и на дизајнерите како Прабал Гурунг и Џејсон Ву носејќи ги нивните креации и презентирајќи ги ширум светот.
Дека таа е вистинска модна икона, докажа и при последната посета на Кина каде буквално и да немаше ниту едно промашување кога станува збор за комбинациите.
Се чини, токму на ова патување го прослави и брендот „ Clover Canyon “ носејќи одлични блузички со принтови од последната колекција.
Покрај одличните комбинации од брендот, Мишел изгледаше неверојатно пролетно и во одличниот Каролина Херера фустан со бела основа и принтови во неколку бои.
Таа додаде неверојатна нота елеганција на целата нејзина посета со прекрасниот и луксузен црвен фустан изработен по нарачка од одличниот Наем Кан.
Покрај неверојатно стилските комбинации во текот на целата посета, првата дама на САД имаше и тотално инспиративни говори со што уште еднаш докажа зошто е толку сакана меѓу целата американска популација.