На Лила совршено ѝ прилега безвременскиот црвен фустан на ЕЛЕНА ЛУКА

8 јули 2023

Моќна и женствена, Лила изгледа прекрасно во безвременската и елегантна тоалета во атрактивна црвена боја, дизајн на етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Елеганцијата нема рок на траење, а женствениот црвен фустан со висок страничен шлиц е илустрација на оваа вистина.

На Лила совршено ѝ прилега безвременоста на ЕЛЕНА ЛУКА.

Оваа класика од златното доба на Холивуд, во својата модернизирана дизајнерска верзија на ЕЛЕНА ЛУКА е одличен предлог доколку ова лето ви претстои некој посебен или свечен настан.

Може да го комбинирате со високи потпетици и елегантен бисерен накит, за перфектна целина.

 

 

 

Објавено:
8 јули 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.345 пати