Наградено најкреативното решение за темата „Лавиринт-невозможно бегство“

18 септември 2014

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД вчера го соопшти добитникот на наградата за најкреативното решение за темата „Лавиринт-невозможно бегство“, а по повод премиерата на истоимениот филм која е закажана за денеска во кино салите ширум Македонија.

Климент Патчев ја имаше најинтересната замисла пријавена на наградниот конкурс, според мислењето на дистрибутерската куќа, што ќе биде наградена со специјална награда  “Лавиринт-невозможно бегство” која е составена од качкет од филмот, привезок за клучеви и две влезници за филмот во термин по негов избор.

Награденото решение Награденото решение

 

Приказната за постапокалиптичниот свет на режисерот Вес Бол, “Лавиринт – Невозможно бегство”, во нашите кина пристигнуваденеска, а љубителите на мистериозните авантури кои во себе содржат елементи на трилер, ќе имаат можност во новиот трејлер на студиото “20th Century Fox” да видат зошто ова остварување е најавено како едно од најочекуваните во 2014.

 

 

 

 

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Актуел