Ноќниот живот на Скопје во едиторијалот на Ирина Тошева за „Дома“

23 ноември 2015

Македонската модна дизајнерка Ирина Тошева, по неодамна презентираната колекција есен-зима 2015/16 „Дома" во рамките на скопскиот моден викенд, го реализираше и едиторијалот за истата.
Фотографската сторија преку креациите на Тошева, раскажува за ноќниот живот на Скопје, алудирајќи на неколку култни места кои се ноќниот лик на градот и се „Дома" за многу негови граѓани.

„Дома" е креативна рефлексија на потребата од нешто само свое. Едиторијалот претставува отсликување на повеќе приказни и моменти од ноќниот живот.

„ Фотографската приказна е инспирирана од скопскиот ноќен живот со сите негови култни локации. Секој од нас во одреден период од животот тие простори ги перцепирал како свој дом. Таму секој од нас прославувал, припаѓал, се забавувал, се почувствувал и отсутен. Фотографиите на Паповиќ ги крадат овие моменти и ги пласираат на публиката за толкување. " – изјави Тошева.

Колекцијата е составена од 14 изгледи, изработени од природни материјали. Особено се примамливи рачно изработените плетенини и дезените кои се изработени со вез, a дел од парчињата се и уникати.

 

Фотографиите на дизајните на Ирина Тошева кои се надополнети со илустрации на признатиот ликовен уметник Ване Костуранов се на модниот фотограф Миладин Паповиќ, креативен директор е Кристина Манчева, шминката е на Виктор Мирчевски со асистентот на шминка Јована Коциќ. За фризурата беа задолжени Studio Allure. Модели се актерката Наташа Петровиќ, Фаниа Гиачо од модната агенција „Подиум" и актерот Ивица Димитријевиќ. Едиторијалот е надополнет со накит и часовници од "My Time", чорапи специјално изработени од „La Dama" и чевли на "Chantel", а колекцијата е поддржана и од Министерството за култура.

Едиторијалот е сниман на следните локации: Кафе Бар Љубов, Излет, Сектор 909, Балет , Speakeasy и Казино Сенатор.

Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева. На интернет страница irinatosheva.com функционира виртуелен бутик преку кој моделите на Тошева набрзо ќе се достапни со само неколку клика. До омиленото парче од колекцијата „Дома " ќе може и наскоро да дојдете и преку bastetnoir.com и asos.com. Одбрани парчиња од колекцијата ќе бидат изложени и на [SKP] PopUp Store од 29-ти ноември до 12-ти декември во Берн, Швајцарија.

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
859 пати