Нова креативна енергија во Lotus Design Store

11 декември 2014

Рачно насликани марами, колоритен накит од мониста, артистични модни додатоци, уникатна облека за актуелната есен-зима сезона... Ова се новите производи кои може да се погледнат и купат во концептуалнта прдавница Lotus Design Store. Дизајните на Билјана Каровска, Владимир Николиќ – Паун, Евгенија Петровска Вангелова со брендот Гоблени,  Инес Шабан, се новитетот во Lotus Design Store. Покрај тоа ова креативно катче има уште изненадувања и подароци за потрошувачите. Промотивно оваа зима брендот Lotus Lounge Chair ги „пресоблече“ Лотус производите во празнично руво од мек и топол текстил.

Билјана Каровска е ликовен уметник (графика) која по подолго екпериментирање во светот на текстилните материјали професионално отстапи место во своето ателје за рачно сликање на свила и текстил дизајн. Марамите на Каровска се изработени во повеќе различни техники: класично сликање на свила), рачно печатење на ткаенини, tie-dye и нијансирање со чај. Материјалите во моменталната понудата се кашмир, свилен жоржет и памучен сатен. Мотивите се различни, од апстрактна игра и преливање на боите до конкретни и прецизни детали.

 

Владимир Николиќ – Паун по професија е графички дизајнер кој пристигна во Македонија од Канада. Неговиот накит од мониста е изработен на различни начини, а неговиот фокус се боите на етно шарите, персиските, индиските и африкански мотиви. Често употребува полускапоцени камења како тиркиз и африканкси школки.

Етикетата - Гоблен на Евгенија Петровска Вангелова нуди широка понуда на модни додатоци –рачно изработени обетки во вид на копчиња, чанти и алки украсени со мониста, модерни додатоци со барокни елементи, итн.  Одличната изработка на богатиот вез на производите од Гоблен е препознатлива по благата театралност и симболика која дава можност да се надгради модниот стил. Во процесот на дизајнирањето на производите најчесто се користи свила, велур и кадифе.

Инес Шабан е млада модна дизајнерка која со својата есен-зима 14/15 колекција дебитираше на десеттото издание на Модниот викенд – Скопје. Во широката палета производи од колекцијата, Инес дава интересни решенија на ригите како моден дизајн. Својата колекција ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност”.

Брендот Lotus Lounge Chair овој месец лансира на пазарот производи за домашна употреба, изработени од зимски текстил, кој се карактеризира со изразена мекост, топлина и способност да ‘дише’. Lotus Lounge Chair нуди неспоредлива удобност давајќи одлична поддршка на целото тело . Лотусовиот стандарден водоотпорен Деним, пак е траен и мултифункционален производ кој обезбедува исклучително мека и удобна поддршка на телото и кој може да се употребува дома или надвор.  Покрај целата оваа понуда, Lotus Design Store, кој се наоѓа на 2-от  кат во Скопје City Mall, за своите потрошувачи подготви празнични подароци  и многу други изненадувања.

 

Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Актуел