Нова Поп Ап продавница на „Лотус генерација“

10 декември 2013

Овој петок со почеток во 13 часот познатиот македоснки бренд „Lotus Lounge Chair“ го отвора своето ново Поп Ап катче во рамките на ТЦ „Скопје Сити Мол“.

Поп Ап продавницата „Лотус Генерација“ на Анита Гај која веќе две децении работи како индустриски и графички дизајнер, во колаборација со уметницата Нина Нинеска и нејзиниот бренд на уникатни светилки „Cosmic Light“, ќе биде место за промоција и продажба на производите и брендовите на овие две уметници, дизајнерки.

Заедничката соработка започна пред неколку години, кога „Лотус“ стана дел од инсталацијата „Дрво на животот“ на Нинеска, која беше лоцирана на тревникот покрај градскиот плоштад „Македонија“. Соработката се обнови годинава, во заеднички производ „Лотус“ столче инспирирано од дизајнот на светилката „Снегулка“ (Flakelight) презентирани на Скопската недела на дизајнот 2013 (Skopje Design Week).

Анита Гај и е позната на македонската публика преку безброј дизајни, илустрации и амбалажи работени под капата на скопските креативни агенции како „Чунга Лунга“, „Екстра“, Тетовска млекара, Европа и други, додека Нина Нинеска е дипломиран скулптор, а повеќе од деценија работеше како графички дизајнер, во развојот на корпоративниот бренд и маркетинг комуникациите во областа на телекомуникациите.

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Актуел