Нутела апокалипса во Њујорк!

13 мај 2014

По успехот што минатата година го имаше Нутела барот во Чикаго, и Њујорк го доби првото место за љубителите на ова чоколадно задоволство.

Њујорчани се одушевија од веста дека и во нивниот град ќе се отвори место во кое во неограничени количини ќе можат да уживаат во слатките чија главна состојка е Нутелата.

Нутела барот во Њујорк е дел од Eataly ланецот на ресторани, а повеќе од сигурно е дека истиот постојано ќе биде преполн.

Во понудата на барот може да се најдат традиционални италијански и француски слатки, меѓу кои кроасани, различни бисквити со Нутела, колачи, торти и што уште не.

Посетителите кои што остануваат верни на традиционалното слатко задоволство, во Нутела барот во Њујорк ќе можат да уживаат и во домашно печено лепче намачкано со Нутела или палачинки со овој светски познат и обожуван крем.

Она што е особено интересно е и самиот ентериер на барот во кој на сите страни се наредени тегли Нутела кои што дополнително го разубавуваат и онака „слаткиот“ амбиент.

Отворањето на барот предизвика вистинска чоколадна „апокалипса“ во Њујорк, каде можеа да се видат редици од луѓе кои ја чекаа својата бесплатна палачинка со Нутела во првиот ден од работењето на барот.

Истиот веднаш се најде на некои од најдобрите гастро страници во светот и предизвика вистинска чоколадна манија низ улиците на Њујорк каде сите брзаа по своето Нутела уживање!

Она што ние единствено може да го направиме, е да се насладуваме преку следните фотографии додека нешто слично не се отвори и во нашата метропола! Всушност, не слично, сакаме сосема исто!

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Актуел