Објавена свршувачката на Кајли Миног и нејзиното момче Пол Соломон

5 февруари 2021

Австралиската пејачка Кајли Миног од 2018-та година е во врска со Пол Соломон. Деновиве за јавноста нивната свршувачка ја потврди маќеата на Соломон, Глорија,која веќе 40 години е во брак со неговиот татко. Таа тврди дека ја запознала Кајли и дека многу се радува за нивната свршувачка, но од почит кон Кајли и својот син, не смее да открива повеќе детали.

Оваа вест не доаѓа како изненадување за фановите, бидејќи само неколку дена претходно актерката Били Пајпер, во интервју за ЕЛ го нарече Пол, свршеникот на Кајли.

Иако 52-годишната поп принцеза досега имала повеќе долги врски, зад себе нема ниту еден брак. Дали ова ќе биде првиот, останува да видиме.

Објавено:
5 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
856 пати