Облека на „тач“

2 јуни 2015

project.jacquard

Иако првата мисла ви е, „не е можно“, едни од најголемите компании во светот, Google и Levi's работат токму на остварување на овој проект насловен како Жакар.

Имено, Google сака да дојде до специјална ткаенина, која ќе има способност на контрола на touch-screen, а во тоа ќе му помогнат легендарните дизајнери на џинс од Levi's Strauss.

intelligent-clothes-today-01_07ba451d08b40301b2786f03508c9c3b.today-inline-large

Тоа значи дека ќе можеме да телефонираме или да праќаме пораки со едноставно допирање на ткаенината. Многумина сметаат дека на тој начин ќе можат да се спречат многу злосторства, бидејќи ќе можеме да добиеме повик за помош веднаш штом забележиме сомнителни активности.

Но, како би функционирало тоа?

Специјална точка ќе биде вткаена во широкиот спектар на ткаенината. Нишките може да се истакнуваат визуелно или пак да се „завиткаат“ тајно, во зависност од дизајнот на парчето облека. Некои ќе имаат спроводливост само до одредени делови, додека кај останатите парчиња облека спроводливоста ќе биде овозможена секаде. Облеката секако ќе може да се пере, без да се загрозат дигиталните аспекти во неа.

29306C7E00000578-3103180-image-a-12_1432937792881

Всушност, оваа ткаенина ќе изгледа како обично парче ткаенина, само што ќе биде биде специфична на „допир“. За овој проект, можат да се користат стандардни, индустриски разбои, а можат да се вклучат различни типови на ткаенина, за луѓето да можат да продолжат да го носат она што го сакаат.

intelligent-clothes-today-03_a865c1f62ca23d096232e7ecad8994df.today-inline-large

Проектот би се развивал дотаму што дури и мебелот и килимите што ги користиме ќе имаат екран на допир. Во дизајнирањето ќе бидат вклучени алгоритми за идентификација или нешто што може бежично да се прати на smart  телефоните или друг уред и да овозможи различни акции.

google-yarn

levis

Denim_is_a_favourite_material_among_baristas_620_413_100

Објавено:
2 јуни 2015
Категорија: 
Актуел