Ова се номинираните за најдобар дизајнер на машка облека

25 април 2014

Menswear-Fund-Shortlist_590_590_90

Листата на номинирани за Најдобар дизајнер  на машка облека е објавена, а во трка се Кристофер Ребурн, Кристофер Шанон, Е. Тауц, Лу Далтон и Ричард Никол.

Финалистите се селектирани врз основа на нивната „силна позиција да се развијат во глобален дизајнерски бренд“, а со тоа да ја искористат и целата поддршка на фондот BFC Designer Menswear Fund, кој ја организира манифестацијата.

Петте дизајнери ќе учествуваат во Програма за ментори развиена од BFC во текот на два месеца, за време на кои индустриските експерти ќе зборуваат и презентираат вештини и насоки за повеќе теми, од брендирање до е-маркетинг и дигитални иновации.

Menswear-fund-2

-Листата на номинирани дизајнери е показател на исклучителен талент во индустријата на создавање на машка облека во Британија во моменот. Оваа генерација на дизајнери на машка облека можеби е и најдобрата досега, бидејќи тие не само што имаат креативност во изобилство, имаат и одлична смисла за бизнис. Нашите млади дизајнери знаат дека без солидна бизнис позадина, успехот може да биде тежок, па затоа е и важно да се видат силни бизнис планови и во која насока ќе се развиваат. Им посакувам секое добро - изјави Дилан Џонс, претседател на London Collections: Men.

Победникот од фондот ќе биде награден со програма изработена по мерка, со висококвалитетно менторство за поддршка за период од 12 месеци, како и грант од 150.000 фунти, што ќе им помогне нивниот бизнис да се искачи на следно, повисоко ниво, како и дополнителни 50.000 фунти за дополнителни услуги.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Актуел