Кристофер Шенон го освои фондот на BCF и GQ

13 јуни 2014

Дизајнерот на машка облека Кристифер Шенон, го освои фондот што го доделуваат Британскиот моден совет и списанието GQ.

Кристофер Шенон Кристофер Шенон

Дизајнерот кој твори и работи во британската престолнина, Лондон, имаше навистина тешка конкуренција со оглед на тоа што во потесниот круг влегоа Кристофер Ребурн, Е. Тауц,  Лу Далтон и Ричард Никол. Но, сепак на крајот победи неговиот моќен идентитет и јасен бизнис план во поставувањето на целите. Каролина Раш, главен и извршен директор на Британскиот моден совет посочи дека Шенон сосема заслужено ја освои наградата и додаде дека тој е веќе клучен играч во рамките на креирањето на машката модна индустрија.

Каролина Раш Каролина Раш

Наградата од 200.000 фунти, се дели на два дела од кои 150.000 фунти зема дизајнерот и тој финансиски дел е наменет за покривање и афирмација на сопствениот бизнис и создавање на глобален бренд, а останатите 50.000 фунти одат во рамките на програмата за менторство.

„Конкуренцијата беше навистина тешка. Победата на Кристофер ја потврдува светлата иднина на британската машка облека посочувајќи го оригиналниот талент и прецизната изработка. Се надевам дека Шенон ќе успее да се инфилтрира во модниот бизнис на глобално ниво“, изјави Дилан Џонс, уредник на списанието GQ.

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Актуел