Почина еден од најпознатите дизајнери за ентериер Дејвид Колинс

17 јули 2013

Познатиот лондонски дизајнер за внатрешно уредување и архитект  Дејвид Колинс ,почина синоќа во својот дом. Неговата смрт е предизвикана од рак на кожата, болест која му беше дијагностицирана  пред само три недели. Во 1985 година тој го формира своето студио и до крајот на својот живот работи  на внатрешното уредување на едни од најскапите и најпознатите ресторани, хотели, бутици, а соработувал и со познати дизајнерки имиња како Џими Чу, Александар Меквин, Хародс, Гудман и други. Неговата работа се карактеризира со многу гламур и луксуз, впечатливи бои и текстури.

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Актуел