Погба и Стела Макартни ги создадоа првите вегански патики

30 октомври 2021

Брендот „Адидас“ деновиве ги претстави првите 100% вегански патики, како дел од лимитирана колекција на Пол Погба и Стела Мекратни за споменатиот бренд.

Се работи за унисекс копачки, модел наредечен „Предатор“, кој е спој на иновација, впечатлив дизајн и одржливи вредности за кои се залага Мекартни. 

Оваа нова соработка е резултат на заедничката страст кон модата, спортот и брендот, најавена уште минатата година. 

Погба одиграл клучна улога во развојот на копачките, бидејќи придонел за комбинацијата од фудбалско знаење и креативно истражување. Горниот дел е украсен со леопард принт и „earth protector“ графики. 

Гумените шилци се изведени со помош на компјутерски алгоритам за да се овозможи подобрена контрола на топката и движењето и имаат портокалова боја. Стела пак, придонесе за фините заврши детали, кои вклучуваат и омбре метална плоча и лого на петата.

“Од почетокот на мојата соработка со Адидас, ги поместуваме границите на високата мода и спортската изведба. Минатата година, за време на изолацијата, брендот не' спои мене и Пол каде и се роди оваа идеја. Да се слушне со колкава страст Погба зборува за мода и сознанието дека имаме многу заеднички нешта, само уште повеќе ја поттикна инспирацијата за заедничко создавање на оваа култна копачка. Пол зборуваше дека модата била дел од неговата личност и на теренот и надвор од него, па беше важно тоа да се види и во дизајнот. Возбудливо е ширењето во светот на фудбалот со суперѕвезда како Пол Погба. Заедничката работа на дизајнот и размената на идеите беше исклучително забавно искуство, а оваа копачка совршено ги спојува светот на модата и фудбалот, покажувајќи како можеме да продолжиме да создаваме“, изјави Стела Мекартни.

Свој коментар за соработката даде и Погба.

„Јас сум пред се' фудбалер, но имам огромен интерес за мода и дизајн и отсекогаш сакав тоа поле поблиску да го истражам. Оваа соработка за мене е посебна бидејќи веќе подолго време сум обожавател на работата на Стела Мекартни. Оваа соработка се случи за време на изолацијата, ми недостасуваше фудбалот и неверојатно е чувството да се фокусирате на нешто што ја спојува мојата љубов кон играта со страста кон стилот. Копачките кои ги креиравме се единствени и едвај чекам да заиграм во нив“, вели познатиот фудбалер.

Инаку, копачките се достапни исклучиво онлајн и на одбрани продажни места.

 

Објавено:
30 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
375 пати