Поранешната извршна директорка на Tiffani & Co осудена на една година затвор

4 јануари 2014

Неделава Федералниот суд во Менхетен, ја осуди поранешната извршна директорка на брендот Тифани & Ко, Ингрид  Ледерхас-Окун на една година затвор, поради кражба на 165 предмети накит од  својот работодавец, вреден 2 милиони долари. 46-годишната Ингрид ја признала вината за префрлање на украдениот имот преку граница, а откако ја напуштила компанијата на њујоршката Петта авенија во февруари, било откриено дека земала накит со голема вреднос, но претпоставувале дека тоа е  поради природата на нејзината работа.

 

Сепак таа никогаш не ги вратила во Тифани, а ги продавала од дома на нелегални трговци. Адвокатот на обвинетата како алиби на неговата клиентка ја посочил нестабилноста во нејзиниот брак како и депресијата. Ингрид годишно заработувала по 360 илјади долари и живеела во луксузна куќа. Сепак, алчноста го направила своето.

 

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Актуел