Вчера во концептуалната продавница Wonderlust беше промовирана фото приказната за последната колекција на македонската дизајнерка Ирина Тошева, „Жар птица".
Фото приказната ја изработи познатиот македонски фотограф Миладин Пoповиќ. Шминката инспирирана од различните видови птици е на Виктор Мирчевски, а фризурата на Дарко Петковски. Модели се Ангелина Блажевска, Бојана Нушкова и Ивана Васовска. Графичкиот дизајн е на Игор Делов.
Инспирацијата за колекцијата е жар-птицата која живее во светот на приказните од словенскиот фолклор што дизајнерката ги проучуваше како дел од нејзиниот креативен процес. Оваа волшебна птица што сјае и доаѓа од далечна земја е и благослов и носител на несреќа на оној кој ќе ја фател. Нејзината потрага е пресликана во новата колекција, а фото приказната ни покажува дека таа живее на нашите покриви. „Сите имаме по некоја „своја" жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета." – изјави Тошева.
Во фото сесијата жар птиците се сместени на скопските покриви. Слободни се и одмараат од нивното бегство. Вака креативниот тим го објасни својот продукт за време на вчерашната промоција во Wonderlust.
Колекцијата беше премиерно претставена на Моден викенд Скопје. Тоа беше 10та ревија по ред на Тошева на овој настан и затоа „Жар птица" претставува резиме на различни елементи од нејзините досегашни дизајни и симболично е составена од 10 женски изгледи изработени од 100% памук, памучно платно и кепер. Колекцијата е одлично надополнета со чорапи од La Dama и чевли од Chantel.
Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева, во „Wonderlust" на ул. Македонија и наскоро на irinatosheva.com.