Синот на мега- популарната двојка Дејвид и Викторија Бекам полека но сигурно го трасира патот до светска слава. Иако има само десет години успеа за кратко време да стане светски популарен и да ја зголеми продажбата на Бурбери.
„Бекамови се дел од елитата и не не чуди што првата кампања на Ромео испадна успешна. Со добриот изглед на Бекам и вкусот за мода наследен од Викторија, Ромео е совршен модел. Сигурно и останатите брендови ќе бидат заинтересирани за соработка со него“ – изјави извор за британскиот магазин The Sun.
Во кампањата за Бурбери, Ромео одлично се снајде како за негова прва кампања и тоа заедно со моделите Кара Делевињ и Еди Кембел.
„Ромео ја сака модата. Има став и посветен е на тоа што го работи. Навистина е сладок и убаво воспитан“ – го пофали директорот на модниот бренд Бурбери, Кристофер Бејл.