Лусија Пика, е новиот креативен дизајнер за шминка и боја на Шанел на глобално ниво. Таа го менува Питер Филипс, кој го напушти модниот бренд во март годинава, за да премине во Диор.
Инаку, Пика работи од 2008 година и тоа како самостоен шминкер, што ѝ донело соработки пак со познати дизајнери и брендови како Диор, Питер Пилото и Роксанда Илинчиќ.
Во нејзината работна биографија спаѓа и местото на асистент на познатата професионална шминкерка Шарлот Тилбури, како и едиторијалите за повеќето изданија на Вог, за V-magazine, The Gentlewoman, кампањите на Луј Витон, Џорџо Армани, Ели Сааб, како и за годинешната кампања на Шанел.
Местото во Шанел е првиот договор со бренд за убавина на 38-годишната артистка, а првиот работен ден на новата позиција ќе ѝ биде на 1-ви јануари.