„Ѓаволот носи Прада“ е еден од омилените филмови на голем број од женската популација. Кога се појави, претставуваше нешто ново и на по малку и хумористичен начин ни претстави како изгледа да си дел од модната елита.
Девет години од појавувањето на ова остварување, дизајнерката чие име се спомнува во насловот, конечно проговори за тоа што мисли за филмот:
-Многу стравував, затоа што книгата беше катастрофа. Но, од друга страна, филмот беше забавен – изјави Миуча за италијанските медиуми.
Како и да е, „Ѓаволот носи Прада“, со Мерли Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант доживеа вистински успех и заработка од преку 120 милиони долари.
Еден од обожавателите на филмот е и Ана Винтур, инспирацијата за ликот што го игра Стрип, Миранда Присли.
Инаку, кога е Миуча Прада во прашање, следната сабота во Милано таа ќе го отвори новиот и нејзин изложбен простор – Fondazione Prada.
На местото каде што некогаш била дестилерија во индустрискиот центар на Милано, сега е музеј на современа уметност. Овие пространи складишта со текот на години почнале да се распаѓаат, а со тоа ја намалувале убавината на овој дел од градот, па дизајнерката одлучила да ги преземе работите во свои раце и да тој простор да го претвори во најголема галерија на современа уметност во Милано.
Пространата галерија ќе биде првата постојана локација достапна на пошироката јавност, а за изгледот на просториите се погрижи архитектот Рем Колхас. Тој го спои оригиналниот индустриски карактер на зданието, други детали, како на пример кула на осум ката, која ќе стане воедно и „нов ориентир“ во градската панорама на Милано.