Синди Крафорд заминува во пензија!

1 февруари 2016

Познатиот модел Синди Крафорд официјално ѝ кажува збогум на кариерата како модел.

На 20-ти месецов таа ќе наполни 50 години кога и ќе се повлече од модниот свет.

-Сигурна сум дека моите фотографии ќе бидат застапени и во наредните 10 години и повеќе, но не како модел. И тоа е во ред. Направив сè. Работев со сите неверојатни фотографи. Што уште треба да направам? Не можам постојано да се пронаоѓам и измислвуам себеси. Не треба повеќе да е докажувам. Не сакам.  – вели Крафорд за февруарското издание на Raspody magazine.

И никој не може да каже дека нема право на тоа.

Таа спаѓа во моделите со најисполнета кариера, а и живот.  Мајка е на две деца – Каја Џордан Гербер и Присли Вокер Гербер – и двајцата веќе инволвирани во модниот свет. Нивната среќа е што имаат некој до нив да им ги открие сите добри и лоши страни на модната индустрија, а колку ќе бидат успешни и дали ќе ја надминат и мајка си, ќе покаже времето.

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
563 пати