Снупи и Бел повторно во модниот фокус

30 јули 2014

Снупи и Бел - Dsquared2. Снупи и Бел - Dsquared2.

Снупи, најдрагиот придружник на Чарли Браун, никогаш немал улога на вистинско модерно куче. Чарлс Шулц, човекот кој го создаде стрипот Пинатс го прикажа Снупи како обично куче со црно ремче, иако повремено можевме да го видиме и во поинаква тематска улога, со пилотска капа и очила како пилот од Првата светска војна, или со црни очила за сонце под името Џои Кул.

Снупи и Бел - Келвин Клајн Снупи и Бел - Келвин Клајн

Во 1984 година, познатите дизајнери Џорџо Армани, Гучи, Џани Версаче, Тиери Маглер, Жан Пол Готје и Карл Лагерфелд, дизајнираа облека според модата во тоа време, специјално наменета за Снупи и неговата сестра Бел. Колекцијата беше изложена во Лувр, во Музејот на природна историја во Лос Анџелес и на разни места низ Европа и Азија. Тој проект беше само еден несекојдневен начин на маркетиншка промоција.

Снупи и Бел - Џ. Мендел Снупи и Бел - Џ. Мендел

„Тоа им овозможи на уметниците кои беа фанови на овие ликови да ги „извадат“ од страниците на стрипот и да ги создадат. Не знам дали за нив ќе речете дека се бесмислени или смешни. Се што е поврзано со Снупи е смешно, па и костимите“, рече Џин вдовицата на Шулц.

Снупи и Бел - Opening Ceremony Снупи и Бел - Opening Ceremony

Проектот сега се репризира за 65 годишнината на Пинатс стрипот, која пак се поклопува со 30-годишниот јубулеј на „Снупи во модата“, а за отприлика една година, првиот Пинатс филм ќе биде пуштен во 100 земји во светот на 40 јазици.

Снупи - Изабел Марант Снупи - Изабел Марант

„Станува збор за еден огромен и моќен ентузијастички маркетиншки бран. Одбравме одличен тајминг за филмот кој ќе следува веднаш по овие важни јубилеи на Пинатс“, вели Ли Ен Бродски директор на Пинатс Ворлдвајд.

Снупи - Емануел Унгаро Снупи - Емануел Унгаро

Овојпат за Снупи и Бел ќе дизајнираат Дрис ван Нотен, Келвин Клајн, Изабел Марант, Родарт и Бетски Џонсон и Дијан вон Фурстенберг кои бе дел од првото издание на „Снупи во модата“.

Бел - Дијан фон Фурстенберг Бел - Дијан фон Фурстенберг

„Многу сум возбудени што повторно славиме заедно со Снупи, по цели 30 години. Дизаниравме пижами за Снупи и фустан за Бел со нашиот потпис“, открива фон Фурстенберг.

Бел - Жан Пол Готје Бел - Жан Пол Готје

На прашањето дали Шулц, кој почина во 2000-та година, размислувал за модата Џин одговара:

„Не воопшто! Тој беше типично момче од Средниот Запад. Иако, мора да признам, имаше прекрасна колекција џемпери, бидејќи ги обожаваше. Му ласкаше фактот што големи дизајнерски имиња сакаат да земат учество во проектот на тој начин привлекувајќи го вниманието на познати личности од разни области. Мислам дека сето тоа му беше забавно. Луѓето се спојуваа на начин кој ги надминуваше рамките на снобизмот“.

Бел - Карл Кагерфелд Бел - Карл Кагерфелд

Овогодинешната реприза на „Снупи и Бел во модата“, која е прикажана преку кукли-кучиња, изработени од винил кои ги носат моделите на дизајнерите. Ќе биде пуштена на 8-ми септември во рамките на њујоршката модна недела. Потоа изложбата ќе биде пренесена во Париз, Москва и Милано.

Снупи - Бетси Џонсон Снупи - Бетси Џонсон

Групацијата „Ајконикс бренд груп“, поседува 80 проценти од „Пинатс Ворлдвајд“, додека останатите 20 проценти се во сопственост на семејството шулц. Напливот на маркетиншки изјави, како и претстојниот филм ја најавуваат новата генерација Пинатс.

Бел - Версаче Бел - Версаче

„Следните 12 месеци се клучни за брендот,а тука е и филмот, кој се очекува да излезе следната година. Една од нашите цели е да ја издигнеме модата во овој бизнис на едно повисоко ниво“, кажа Нил Кол извршен директор на Ајконикс.

Снупи - Мисони Снупи - Мисони

Инаку, бизнисот со облека на Пинатс, остварува заработка од околу 300-400 милиони долари годишно, а Ајконикс имаат план да стигнат и до 500 милиони следната година. Продавниците на Пинатс се достапни во 100 земји во светот, најмногу во Европа и Азија, особено во Јапонија. Исто така, постојат 500 Снупи продавници во Азија, како и кафулиња на Чарли Браун.

Снупи - Тиери Маглер Снупи - Тиери Маглер

„Снупи во модата“ не е единствениот проект за висока мода на Пинатс. Неодамна, тие остварија соработка со Колет во Париз, а на есен ќе излезе колекција во соработка со италијанскиот моден бренд Феј. Исто така, шпанскиот Љадро на почетокот на 2015-та година ќе лансира фигури на Снупи и Чарли Браун. Џин Шулц изјавува:

„Одиме многу подалеку од создавање на само обични маички“.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Актуел