Сузи Менкс стана дел од тимот на Вог

3 март 2014

Уредникот на британскиот Вог - Александра Шулман не го криеше задоволството од вклучувањето на Сузи во големото семејство на магазинот – „Среќна сум што Сузи ќе биде дел од нашиот тим.  Јас отсекогаш и се воодушевував поради големото искуство“.

Менкс зад себе има 25 годишно работно искуство како моден критичар во ребрендираниот International  New York Times. Покрај новитетите во модната индустрија, нејзина задача ќе биде да организира годишни конференции под покровителство на Conde Nast International.

„Благодарна сум за довербата која ми ја доверија челните лица во International  New York Times, каде можев слободно да ја изразам својата критика. Но сега е време за нов предизвик и е моја чест да бидам дел од најглобалниот моден магазин Вог“ – изјави Сузи.

Џонатан Њухаус од Conde Nast International смета дека е добро во тимот да се има член кој е влијателен и почитуван во модниот свет – „Таа е редок талент, новинар кој знае да направи одлична проценка, да даде издржана модна критика и која добро ги познава бизнисите во модната индустрија“.

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Актуел