Вака изгледа плакар вреден половина милион долари

29 јули 2014

Тереза Ромер, живее во Хјустон, Америка и таа верувале или не, го поседува најголемиот гардеробер во оваа земја. Плакарот зазема површина од  околу 280 метри квадратни, се простира на три ката и вреди 500.000 илјади долари. Без разлика на годините, ова модно царство е сон на секоја дама. Плакарот е навистина исклучителен и во него на совршен начин се подредени, чантите, чевлите, козметичките производи, накитот, облеката, шапките, буквално како да се наоѓате во продавница.

Посебно место во гардероберот на Ромер имаат Биркин чантите, чија цена се движи од 7500 – 150.000 илјади долари, а таа едноставно ги обожава.

„Ги сакам оние на Шанел, Фенди и Диор, но Биркин чантите ги обожавам. Имам повеќе од 60 модели и тие имаат посебно место на полиците во гардероберот“, вели Ромер.

Во луксузниот плакар има многу обувки потпишани од светски познати дизајнерски имиња, но сепак Тереза најмногу ги сака оние на Кристијан Лубутан.

Секако, покрај Ромер, редовен посетител во гардероберот е нејзината ќерка која едноставно го обожава. Таа вели дека се чувствува како во елитна продавница, само што овде наместо еден бренд или дизајнерско име има многу поголем избор и можност за комбинирање, што е прекрасно.

„Мајка ми има облека и модни додатоци што спојуваат времиња, моди и трендови, а сепак понекогаш знае да каже дека нема што да облече. Апсурдно, но така е - колку повеќе имаш, толку и немаш. Се презаситуваш“, вели ќерката на Тереза.

Тереза мошне често се соочува и со критики за нејзиниот огромен плакар, но таа вели дека нема потреба луѓето на тој начин да гледаат и да ја осудуваат, бидејќи  во текот на годината организира и по десетина хуманитарни забави и дел од облеката и модните додатоци што не ги носи, ги донира на луѓе кои имаат потреба од тоа.

А сега погледнете како изгледа овој фантастичен моден свет во кој барем еднаш би посакале и вие да се изгубите.

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Актуел