Валентино отвора бутик на Петта Авенија

4 август 2014

Valentino-Via-Montenapoleone-20-New-Flagship-Store

Петтата Авенија стана побогата и гламурозна за уште една продавница. Се работи за новиот дуќан на брендот Валентино, кој се простира на околу 2.000 метри квадратни, помеѓу 55-тата и 56-тата улица. Просторот е дизајниран од архитектот Дејвид Чиперфилд, а во продавницата ќе можат да се најдат женска и машка облека, модни додатоци, како и комплетната нова колекција насловена „Camubutterfly“ и клач чантите „Zodiac“, кои ексклузивно ќе можат да се најдат само во овој салон и тоа на приземје.

На првиот кат ќе бидат изложени производите, а на вториот ќе има бутик посветен само на ready to wear женската мода, додека третиот е резервиран за машката облека и додатоци. Ова е вториот од 116-те бутици на Валнтино во САД, каде има посебен дел за машката колекција. Првиот е во Сан Франциско.

-Сликата и имиџот на овој салон на Валентино не зависи од изгледот на внатрешниот дизајн, туку од суштината на ахитектурата - вели архитектот.

Салонот треба да биде завршен во декември месец, кога ќе биде и свеченото отворање.

Но, познатиот дизајнер нема да запре тука. Следната година Аспен и Мајами ќе добијат луксузни Валентино бутици. Дотогаш, погледнете како ќе изгледа луксузниот во Петтата Авенија.

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Актуел