Вивиен Вествуд: Купувајте помалку, но бирајте квалитет!

9 јануари 2018

Најголемиот бунтовник меѓу модните дизајнери, Вивиен Вествуд која важи и за влијателен еколошки активист, на својот профил на Инстаграм објави интересни фотографии со суштински пораки како сите ние може да придонесеме за подобра 2018-та година.

Со оглед на тоа дека Вествуд никогаш не ги следи правилата, туку креира свои начела на однесување, фотосесијата преку која ги пренесува пораките, а на која и самата е прикажана во ексцентричен фазон, воопшто не е за изненадување.

Во основа се работи за општествени и политички теми што Вествуд како инспирација често ги користи и во својот автентичен дизајн.

Есенцијата на нејзините совети е да се делува локално во однос на теми што глобално нè засегаат сите нас.

Фото извор: Инстаграм - Вивиен Вествуд

 

 

Објавено:
9 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
479 пати