Креативниот директор на брендот Делпозо, Џозеф Фонт се чини дека никогаш не греши кога се новите колекции во прашање.

Тој повторно ги почести девојките со фасцинантни парчиња препознатливи за него, иако овој пат имаше едноставни бои, без апликации кои сме навикнати да ги гледаме.

Дел од колекцијата се фустани во пруги, лежерни кошули, асиметрични здолништа и блузи, слатки џемперчиња, тренди панталони и уште многу други впечатливи парчиња.

Како и секогаш, сите парчиња се изработени од висококвалитетни материјали како свила, шифон, тул и разни плетенини украсени со неверојатни детали.

Како и во секоја друга негова колекција, така и во оваа можеме да се воодушевуваме на магичните долги и куси фустани од тул создадени како комбинација од две или повеќе бои.

Подеднакво фасцинантни се и палтата со строг крој и впечатливи ракави, како и пеплум блузите кои дизајнерот совршено ги комбинира со широки панталони и здолништа.

Кога се боите во прашање, темно сината и зелената дефинитивно доминираат, заедно со розовата, портокаловата, белата и небесно сината.

Покрај одличните парчиња, во колекцијата ќе најдете и шик модни додатоци, меѓу кои и рамни балетанки во многу бои, чанти со интересни детали, панделки за во коса и што уште не.

Во галеријата погоре, погледнете ја целата ресорт колекција на секогаш одличните Делпозо.

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
322 пати