Dior блесна во барокен гламур на Модната недела во Париз

30 септември 2022

Ревија на Dior која се одржа во вторникот во рамките на Модната недела во Париз, дизајнерката Марија Грација Кјури подготви колекција за пролет/лето 2023 инспирирана од француската кралица Катерина Медичи и модата која доминирала за време на нејзиното владеење.

Фото: Vogue

Инспирацијата од барокната мода, големите кринолини, тесните корсети и чевлите со платформа типични за таа ера, несомнено се пресликуваат во дизајните на Кјури, која изнајде начин да ја преработи таа естетика и да ѝ даде модерен твист со препознатлив печат на дизајнерската куќа.

„Мислам дека таа беше првата што ја сфати моќта на модата", изјави Кјури во интервју за медиумите, зборувајќи за тоа како кралицата на Франција од 16 век беше онаа која ги воведе потпетиците за да го подигне својот низок раст.

Фото: Vogue

Моделите кои чекореа по пистата им дадоа современ дух на широките ѕвонести силуети, големите кринолини, корсетите, шорцевите, пантолоните и долгите палта. Богатите карнери и раскошната тантела, како и впечатливите цветни дезени, беа само уште еден белег на барокната мода од 16 век.

За ревијата, моделите продефилираа низ елаборирана структура изградена од слоеви картон. Сцената беше дело на уметницата Ева Џоспен и беше поставена во центарот на привремената градба отворена во градините Туилери (пред музејот Лувр).

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаше современата слика на барокот претставена преку ревијата на Dior.

Фото: Vogue 

Објавено:
30 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
219 пати