Гламурозна трета вечер на Perwoll Fashion.hr

17 октомври 2014

Мартина Фиља и се додвори на софистицираната дама

Мартина Феља Мартина Феља

Најголем дел од имињата кои се претставуваат на Perwoll се домашни дизајнери, а дел од нив се ELFS и Мартина Феља, која ја отвори третата вечер со колекција за сезоната есен/зима 2014 година. Акцентот е ставен на фустаните и тоа од удобни, лежерни парчиња, па се коктел и раскошни фустани и за крај венчаници. Парчињата беа украсени со цветни апликации и панделки околу струкот со нагласување на женската силуета, а од боите кои доминираа се бежот, црната и белата. Посебен впечаток од целата колекција оставаат трите модели на капути и четирите бели венчаници за спектакуларен крај на ревијата.

ELFS - колекција инспирана од трендот„селфи“

 ELFS ELFS

Модното дуо ELFS се претстави со јубилејната колекција „ELFS Forever“ и тоа за прв пат на пистата на Fahion.hr ,прикажувајќи феноменална модна сценографија. Александар Шекуљица и Иван Тандариќ својата колекција за есен/ зима 2014 година ја базираа на моќноста на социјалните мрежи и селфи трендот, па на овој начин ја потврдија комерцијалноста на брендот. Колекцијата варира од кежуал до гламурозни парчиња, од кои посебно внимание привлекуваат парчињата со принтевите „ME vs. You“ и „Dating only models“, памучни машки маици или оние во поп – арт стил со ликовите на Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Клаудија Шифер, коктел фустани, пенкало здолништа и кратки топови.

 ELFS ELFS

 ELFS ELFS

 

 

 

 

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Колекции