Кога Мајкл Корс ќе ве облече за Нова Година...
•
7 декември 2017
Американскиот дизајнер Мајкл Корс секогаш знае како да им угоди на жените. Затоа и важи за еден од омилените креатори.
Во неговата нова кампања посветена на новогодишните празници, тој ни го открива гламурот во неговата најчиста форма.
Главни протагонисти во кампањата се Тејлор Хил и Роми Стријд кои на себе ги носат свечените парчиња во блескави, металик нијанси.
Секоја комбинација е надополнета со соодветни модни додатоци, чанти, накит и секако високи потпетици.
Погледнете како изгледа кога Мајк Корс ќе ве облече за Нова Година.