Од Милано, модниот свет се префрли во Париз, каде дизајнерите ќе ги претстават трендовите за сезона есен-зима 2016/17.

Париската модна недела стандардно ја отвори Ентони Вакарело. Тој не ја менува својата есетика што подразбира сексапил и црна боја, а овој пат сака да ја претстави неговата визија за слободата. Куси креации, остри и асиметрични линии, заводливост се чита во сите парчиња. Фустани, палта, јакни, кошули се само дел од претставеното.

Ентони Вакарело

Вториот ден пак помина во знакот на повеќе познати брендови. Џон Галијано за „Мезон Марџела“ претстави нослива колекција, со некои навистина женствени детали. Војнички капути, металик ткаенини во интензивни бои е она што веднаш ќе гозабележите. Некои сметаат дека иако колекцијата е мошне добра и комерцијална, сепак она што недостасува е факторот на изненадување што сме навикнале да го гледаме од Галијано.

Марџела

Модната куќа „Вјоне“ не отстапи од свечените тоалети, но вметна и панталони, џемпери, наметки, капути, што несомнено ќе ѝ се допаднат на секоја жена чија естетика е чиста и сведена. Инаку, колекцијата е инспирирана од музика и геометриските форми (што биле инспирација за 10.000 колекции на брендот).

Вјоне

Дрис Ван Нотен пак, имаше колоритна колекција инспирирана од секогаш актуелната машко-женска естетика. Така, од една страна се жените што сакаат да бидат живо уметничко дело, ѕвезди на street style, а од друга страна е поетот што сака да има декадентен начин на живот.

Дрис ван Нотен

Уште една колоритна колекција доаѓа од „Рошас“. Во преден план е ставено кадифето.

-Кадифе е новиот тренд. Не знам зошто. Можеби бидејќи помина многу време откако оваа ткаенина беше присутна во колекциите – вели Алесандро Дел Аква, уметничкиот директор на брендот. Сите парчиња речиси се во свежи бои, застапен е и цветниот принт, како посочување дека и зимата може да биде весела.

Рошас

Нашиот избор од колекциите е во галеријата погоре.

Објавено:
3 март 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
425 пати