Најстариот модел на светот во нов моден предизвик

20 април 2015

Дафне Селф, најстариот модел во светот, со своите 86 години е еден од најангажираните ликови во кампањи на познатите брендови.

Последниот нејзин ангажман е за новиот заеднички проект на Vans и &Other Stories, во кој Дафне е главна ѕвезда заедно со нејзината 60 години помлада колешка.

Со самиот факт што е невозможно да не ја приметите Дафне и нејзиниот тотално младешки дух и кул став, оваа кампања однапред може да ја прогласиме за успешна.

Новата пролетно-летна линија која настана како резултат на соработката на двата брендови, носи свежа интерпретација на познатите slip-on Vans патики, овој пат во атрактивни примероци во пудрести тонови. Колекцијата на патики е надополнета и со специјална колекција облека, што ја сочинуваат лесни материјали, опуштени и спортски кроеви и точкасти принтови.

Инаку Дафне Селф, иако својата манекенска кариера ја започна во нејзината младост кога во 1948 година ја красеше насловната на магазинот The Reading Review , сепак најголема популатност постигна во нејзините 70-ти години кога се појави на насловната на Вог. Од тогаш нејзината кариера е во континуиран прогрес.

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Колекции