Во рамки на миланската модна недела креативниот Џамбатиста Вали ја презентираше својата втора ready – to – wear колекција едноставно и лудо наречена „Џамба“.
Дизајнерот употреби многу епитети со кои ја појасни својата нова колекција, меѓу кои и моќна, ослободувачка, жива, храбра, аристократска, свежа и единствена!
Сите парчиња од колекцијата беа неверојатно женски и слатки, комбинирани со бели и црни хулахопки со точки и светкави чевли со висока потпетица.
Одлична заводлива колекција тој ја најави преку некои од неговите омилени девојки меѓу кои и Брук Шилдс, Џесика Бил, Џована Батаља, Елена Перминова и Лена Данам сместени во интересно видео во кое се гледа дека тие се зависни од „Џамба“!
„Сите мои пријатели ме викаат Џамба, па токму поради тоа решив колекцијата да ја наречам по мојот прекар по кој сум препознатлив за многумина. Ова е друга страна од истата приказна, друга колекција која се движи во рамките на нашиот бренд, друга колекција што целосно ја комплетира онаа претходната“, изјави Вали пред презентацијата на колекцијата.
Дека неговите креации се едни од најобожуваните, докажува и големата љубов што кон него ја имаат и познатите девојки како Викторија Бекам, Лена Данам, Кејт Босворт, Даен Кругер, Блејк Лајвли и многу други.
Во продолжение погледнете ги одличните креации од лудата, „Џамба“ колекција со која се опседна голем дел од Холивуд!