Италијанскиот дизајнер прв пат лансираше сопствена линија во 2005 година во Париз, а претходно има соработувано со Кавали, Фенди и Емануел Унгаро. Сега речиси по 10 години дизајнерот ќе ја лансира линијата„ Giamba“ во која тој ќе ги вклучи дезените кои се дел од неговиот личен избор.
„Блиските пријатели ме викаат Giamba и токму прекарот е основа за овој проект. Тоа е другата страна од паричката, односно уште една колекција која ќе биде паралелна со брендот – комплетен производ. Подолго време размислував кога ќе биде најдоброто време за лансирање на колекцијата која ќе прикаже една сосема поинаква страна која пошироката јавност не ја знае“ – изјавил дизајнерот.
Џамбатиста се надева дека со овој проект ќе ги задржи истите купувачи кои тој ги нарекува Valli Girls, без разлика дали се помладите или во позрели години, со деца и семејни обврски. „Чувствувам потреба да креирам за жените, а оваа колекција ќе биде поинтимна“ – додал Вали.
Модниот дизајнер заедно со претприемачот Марио Бандиера ја основаа компанијата GBO со цел формирање на бренд кој ќе ги лансира колекциите на Џамбатиста Вали на светскиот пазар.