Red Valentino прогнозира бура од принтови за следното лето

5 септември 2014

Иако пред нас веќе ја чувствуваме есента, модната индустрија ни праќа сосема поинаква енергија преточена преку презентацијата на пролт-лето колекциите на следната 2015 година. Сестринската линија од реномираниот италијански бренд Валентино, „Ред Валентино“,  веќе го  објави лукбукот за колекцијата што ги најавува трендовите за следната година. Па така,  ќе посведочите на нè толку инвентивни парчиња, кои во себе содржат инспирација од морнарските мотиви и училишните денови. Ретро моментот е проткаен низ сите парчиња, но на модернистички начин кој некако се поврзува со новото време.

 

Според Валентино, никогаш не е доста од морнарските пруги, точките и цветните принтови. Колекцијата се движи во рамките на дневните комбинации сочинети од фустанчиња со ретро изглед споени со сандали и чорапи, тука се и кратките здолништа, транспарентните кошули, мото јакните со пруги, мантилите и панталоните со должина над глужд кои диретно не навраќаат наназад низ времето.

 

Очигледно е дека оваа колекција ќе ги освои девојките што од својот стил преферираат женствен и романтичен изглед кој на уникатен начин се издвојува од комерционалноста.

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Колекции