Со маицата покажете кој ви е омилен бенд

16 мај 2014

Шпанскиот бренд за оваа пролет понуди интересна колекција на маици кои се задолжително парче за сите девојки, но и момчиња. Станува збор за памучни модели на маици кои ги поседуваат голем број трендсетери и љубители на рок музиката.

Овој пат Pull&Bear одлучи во својата колекција да вметне пет култни бендови од минатиот век, чии песни претставуваат евергрини. Тоа се: Joy Division, Guns N' RosesRolling StonesRamones и Sonic Youth. Моделите се во црна и сива нијанса, со препознатлив принт на брендот или стих од нивна песна.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Колекции