Модната недела во Париз за Висока мода завршува денес. Агендата за вчерашниот ден вклучуваше бројни познати имиња, меѓу кои „Валентино“, „Ели Сааб“, „Зухаир Мурад“, „Виктор и Ролф“, „Живанши“...

Во продолжение и во галеријата погоре ќе можете да видите што подготви либанскиот дизајнер Ели Сааб, а во рамки на содржините на „Фешнел“ ќе имате можност да ги видите и останатите:

После неколку покомерцијални пристапи и модели, Ели Сааб оваа пролет како да му се враќа на луксузот по кој е препознатлив. Колекцијата е изработена од материјали во пастелни бои, скапи сами по себе, но исто така и збогатени со рачна изработка на апликации и детали...

Она што секако прво паѓа во очи се панделките како доминантен моден детаљ, овој пат позициониран на вратот. Тенкиот ремен на половина е она што дизајнерот речиси никогаш не го менува. Исто така, за оваа пролет тој ги имплеметира и пердувите како актуелен тренд - од дискретен детаљ на ракавите, до здолништа, околувратници, раменици.

На дел од ткаенините се принтови со влијание од арт-деко стилот. Фризурите се едноставни, а накитот дискретен.

 

 

Објавено:
26 јануари 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.281 пати