Во цветната градина на Диор

30 мај 2014

Раф Симонс за колекцијата на Диор за пролет -лето 2014 одлучи да игра храбро и си поигра со пропорциите, основите на дизајност и структурите, како и со специфична палета на бои. Имајќи ја предвид сценографијата, моделите шетаа како во цветна градина, што се вклопуваше во разнобојноста на моделите изработени од свила, штрас, материјали со релјефни текстури.

11-1

Плисирани фустани, лакирана кожа, сакоа со цветен принт, везови се она што ја претставува оваа колекција насловена како Транс. Но и покрај разбирливото пролетно шаренило, не изостануваа и еднобојни парчиња. Голем број од креациите го содржеа актуелниот тренд - голи раменици, но откриваа и други делови на телото, што на оние похрабрите несомнено ќе им се допадне.

kolaz

Кога се во прашање модните додатоци, тие се асиметрични и впечатливи.

И покрај големиот различен, Симонс успеа да ги усклади идеите и да направи колекција во која ќе се пронајдат многу жени.

Погледнете.

 

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Колекции