Бидете уникатни: Одберете си парче по кое сите ќе ве препознаваат!

12 март 2014

Погледнете наоколу – вашиот автомобил, мебелот, чевлите, парчињата облека...Кои се нивните приказни? Веруваме дека сѐ она што го набројавме ве опишува токму вас и дека кога вашите пријатели за прв пат ги виделе овие работи ви рекле: Ова си токму ти!

Но, што е тоа што направи да се заљубите во овие работи? Сигурно кога одите да си купите парфем или пак часовник или чифт фармерки, секогаш се држите до вашите претходни избори по кои сте веќе познати. Па зарем чувството кога некој ќе ви каже го „почувствував“ твојот парфем во влезот, не е најубаво на светот?

Парчето по кое ќе станете препознатлива дефинитивно мора да биде вистинска класика: многу дами се познати по шеширите без кои не излегуваат од дома, потоа старите добри Конверс стартки чија мода никогаш не умира, темните бои или пак високите потпетици.

Доколку сѐ уште сте во потрага по парчето по кое многумина ќе ве идентификуваат, инспирирајте се од овој водич за во иднина и бидете „девојката со стартките“.

Безвременски парчиња...

Токму парчињата на кои модата никогаш не им минува се вистински класици по кои можете да бидете препознатливи. Сигурно во плакарот на вашата мајка сте нашле некое широко здолниште што таа го обожава години наназад и го носи постојано, а кое е модерно и во моментов. Токму такво парче треба да одберете доколку сакате по нешто да бидете препознатлива. Класичните парчиња можете да ги носите на 18, 38, 80 или на било која возраст, бидејќи нема старосна граница што ќе ве ограничува.

Земете пример од вашите идоли...

Веруваме дека на фотографиите од вашите мајки многу често можете да го забележите „Одри Хепберн“ феноменот – актерка која светот го „зарази“ со своите шапки, бисери, малиот црн фустан и високо кренатата фризура. Токму таквите парчиња ќе ве направат апсолутно препознатлива, а не е никаков грев да земете мал пример од вашите идоли, без разлика дали станува збор за музичка ѕвезда, актерка, политичарка или било кој друг карактер.

На пример, листата на облека и модни додатоци на „кул кралот“ Стив Меквин е многу долга. Тој на своите обожаватели им остави низа наследство кога станува збор за парчињата по кои можете да бидете препознатливи. Дури 34 години по неговата смрт, момците никогаш нема да погрешат ако облечат висока ролка.

Неколку препознатливи парчиња што никогаш не „умираат“...

„Дождовно“ капутче – 1850 година

Картие часовник – 1917 година

Кожена мото јакна – 1928 година

Реј Бан очила за сонце – 1936

„Апостолки“ – 1960 година

Класиците имаат непроценлива вредност!

Веруваме дека веќе ви е повеќе од јасно дека класичните парчиња по кои треба да станете препознатлива имаат непроценлива вредност. Доколку се решите да купите некој ваков класик, воопшто не штедете ги парите туку секогаш инвестирајте во него, макар и тоа да чини многу, бидејќи истото ќе остане долго да сведочи за вашиот стил. Мажите апсолутно треба да се решат да инвестираат во класични чевли од квалитетен бренд, а жените секогаш – во одлична црна волуменозна чанта, тие никогаш нема да излезат од мода!

Иновативност и квалитет...

Класиците се родени како иновативни парчиња, секогаш оригинални и храбри. Добар пример за иновативно и квалитетно парче се Луј Витон торбите дизајнирани за прв пат во 1930 година. Тотално практични и со одличен дизајн, тие беа вистинска пресвртница кога говориме за тешките и непрактични патнички торби што луѓето ги носеле во тоа време при нивните патувања. До денеска, тие се едни од најбараните и најкупуваните патнички торби воопшто во светот.

Избирајте ги парчињата умешно...

Да бидеме на „чисто“ – вистинските оригинали не може да бидат заменети со некои слични парчиња или алтернативи. Такви примери има многу, но еден од постарите е оној со класичните и добро познатите машки фармерки на парискиот бренд A.P.C. Уморен од широките фармерки во кои мажите уживале во тоа време, Жан Тоту во 1987 година создаде бренд што почна да произведува потесни фармерки за мажи. Фармерките наидоа на воодушевување кај мажите, а истото тоа се случува и денеска. Ниту едни други избелени фармерки не се воопшто слични на овие, а со текот на времето тие стануваат уште подобри и посакани.

Ова беа само неколку добри совети и краток патоказ според кои би можеле да се водите кога одбирате парче по кое сакате останатите да ве препознаваат.

Ние веруваме дека многумина од вас веќе имаат такво парче, па може да ни го откриете истото подолу во коментарите!

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Стории