Слоевита приказна: кошула под фустан

28 јануари 2015

Луксузот што ни го овозможува зимата е бесконечно да играме со нашата креативност и да комбинираме облека во повеќе слоеви. Забавно е, инспиративно и што е најважно, крајниот резултат е уникатен изглед.

Една многу едноставна, а корисна варијанта е да комбинирате кошула со фустан. Така ќе направите одличен спој, притоа користејќи парчиња и од летната и од зимската сезона.

Кошулата облечете ја под фустан без ракави, тиролка или фустан со корсетиран горен дел.  Искористете го богатиот избор на бои, дезени и ткаенини,  со што секоја комбинација ќе ја направите посебна.

Ви нудиме почетна инспирација преку фотографии од уличната мода.

Објавено:
28 јануари 2015
Категорија: 
Направи сам