Омилените летни аксесоари на нашите познати личности

10 јули 2013

Летото е период кој дозволува да експериментираме со нашиот имиџ, да го разиграме со широка палета на бои, дезени и аксесоари. Во пресрет на уште потопли денови, прашавме дел од нашите познати личности кои аксесоари се задолжителен  моден печат  од нивниот имиџ за овој период.

 

„Во летните периоди не излегувам без очила за сонце. Тие ми се омилени аксесоари. Токму затоа и можам да кажам дека имам една колекција дома од секакви модели и облици. Сепак, едни од оние што со најголемо задоволство ги носам се Долче и Габана, од колекцијата Material Girl на Мадона. Ги сакам и моделите на Шанел”,вели шармантната Викторија Лоба.

Очилата за сонце се задолжителен моден додаток и во летниот стајлинг на пејчката и диџеј Фани:

Освен очилата за сонце кои се неизбежни, морам да ги споменам и слушалките што ги носам додека пуштам музика. Старите ги сменив со нови, бели pro by Dr.Dree, затоа што летото го поминувам или на плажа или во клуб кога пуштам музика. Овие две места ми се најважни. А исто така ми се омилени и лаковите за нокти и тоа во сите можни бои.

Тв водителката Лила Филиповска ужива во комбинирањето на нејзините омилени аксесоари и летните модни парчиња. Она што е задолжителен моден, но пред се и практичен детаљ од нејзиното секојдневие со очилата за сонце кои ги има во изобилство.

“Не излегувам од дома без очила за сонце кои ги имам навистина во голем број и ги носам за време на секоја сезона, и во лето и во зима. Исто така обожувам торби како интерсен моден момент  кој секогаш го синхронизирам со комплетната комбинација”, изјави Лила за Fashionel и додава дека секогаш кога дозволува приликата одбира ниски сандали во кои истовремено ќе се чуствува удобно, но и модерно и женствено.

Младите водители Марко Марк и Цеце Трајковска имаат различни приоритети кога изборот на летни аксесоари се во прашање.  Марко како и поголемиот дел од нашите соговорници ги избира очилата за сонце како задолжителни, додека Цеце се осврнува на деталите во многу бои.

-Особено ги сакам марамите во шарени и весели бои кои асоцираат на лето – изјави водителката.

Актуелниот музичар Горјан Скипи навистина посветува внимание на модните детали.

„Часовник, алка за рака и ланче се една стандардна комбинација од модни додатоци како дел ом мојот имиџ за оваа летна сезона“, ни откри пејачот.

Се чини дека кога се аксесоарите во прашање, нашите познати личности го следат трендот и советите од светските модни стручњаци. Го комбинираат она што најмногу одговара на нивниот стил, а исто така ја следат и онаа речиси модна заповед, да не ги забораваат очилата за сонце никогаш. Тоа е класика, со која секогаш ќе изгледате беспрекорно.

 

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Сцена