Во натрупаниот распоред на Лондон, за време на тамошната модна недела, последниот ден од модниот маратон се организираше хуманитарен настан по иницијатива на хуманитарната фондација „Naked heart“ која ја предводи руската манекенка и филантроп, Наталија Водјанова.
Завчера во британската престолнина со една иста, хумана мисија на едно место се собраа голем број познати личности кои се познати и по својата иницијатива за хуманост и човечност и донираа за фондацијата.
Меѓу нив беа и голем број колешки и пријателки на Водјанова, манекенките Ева Херцигова, Кара Делевињ, Карли Клос, Џордан Дан, како и дизајнерките Стела Мекартни, Улијана Сеергенко, актерката Линдзи Лохан, популарната пејачка Тејлор Свифт и уште многу други проддржувачи на хуманитарната мисија.