PFW: Џон Галијано за Мезон Марџела каков што сите го познаваме

7 март 2015

Артистична, психоделична, па дури и „налудничава“ – во новата колекција есен-зима 2015 на Мезон Марџела го препознаваме Џон Галијано таков каков што е и каков што секогаш ќе остане. Со доза на ексцентричност ги соочи  младешката енергија  и изгледот на домаќинка. Неконвенционалната шминка во јаки бои дефинираше нов стандард на убавината, а она што значи заеднички пресек на најголемиот дел дизајнерски колекции за следната сезона – цвеќето, Галијано го интерпретираше како впечатлив детаљ околу вратот. Широки макси палта, транспарентни фустани, шешири со панделки,  ситни принтови и комбинација на доминантната црна со портокалова и темно црвена боја, разгледајте ја колекцијата во продолжение.

 

Објавено:
7 март 2015
Категорија: 
Колекции