Во апартманот на Коко Шанел со Кјара Ферањи

25 март 2015

Една од најпопуларните светски модни блогерки, Кјара Ферањи, која неодамна се појави на насловна на Вог како прва блогерка која ја имала таа привилегија, деновиве уживаше во уште едно задоволство.

Нејзината последна фотосесија е направена на легендарната адреса „Rue Cambon“ 31 во Париз, каде е лоциран апартманот во кој живеела големата Коко Шанел.

По смртта на легендарната модна креаторка, апартманот се уште ја носи истата свежа енергија и темперамент на Коко, и воопшто не изгубил од својата живост.

Убавата блогерка е фотографирана на истото место каде некогаш седеле големи уметници како Салвадор Дали и Пикасо.

„Присутноста на Коко шанел е толку голема што мислам дека во секој момент ќе се појави на вратата и ќе седне покрај мене на каучот“, го сподели своето искуство Кјара на нејзиниот блог Blonde Salad.

 

Објавено:
25 март 2015
Категорија: 
Сцена