Џинс елече- парче како создадено за модните индивидуалки

12 јули 2013

Сите љубители на модата кои во својот плакар имаат елече од избледен џинс, треба да знаат дека се тренди. Ова е совршено парче за секој период од годината, бидејќи  одлично се комбинира како со летни така и со комбинации за постудените денови, посебно од слоевити аутфити.

Носете го со памучна маица за лежерните, дневни комбинации, а за вечерен изглед, можете да облечете панталони со вечерен принт или модел изработен од светки.

Комбинации има многу, но тој во лето функционира со сите стилови и актуелни трендови. Доколку се пронаоѓате во истиот, а не стигнавте да си набавите изминатиот период, тогаш токму за ова култно парче треба да ги инвестирате парите. Наш предлог се оние предимензионираните, а токму такви ќе сретнете повеќе од понудата на брендовите.

 

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Тренд