Курт Гејгер прослави 50 години постоење со кампања во ритамот на класичен рок стил
•
12 јули 2013
Курт Гејгер дизајнира обувки во Лондон од 1963 година. Оваа година слави златен јубилеј, 50 години постоење во светот на модата. Кампањата е во класичен рок ритам, со андрогени примеси на контури кои изгледаат многу кул и опуштено. На кампањата работеа Сара Ричардсон, Сем Ролинсон и Луис Симонон. Како Гејгер, така и Симонон влече рок корени, имено негов татко е гитаристот Пол Симонон. Кампњата за сезоната есен-зима 2013/14 вибрира во духот на машките кроеви контури и линии, приспособени на женските стапала, совршена игра на комфор, мода и стил.