Заокружете го пролетниот бохо изглед со аксесоари од Манго

2 април 2015

Едноставниот пролетен лукбук што го промовираше шпанскиот бренд Манго за оваа сезона изобилува со голем избор на модни додатоци инспирирани од ултра популарниот бохо шик.

Модните додатоци даваат една поинаква димензија на секој изглед, го трансформираат и освежуваат, па токму благодарение на нив и наједноставниот минималистички стајлинг може да добие свое гламурозно издание.

Манго оваа пролет понуди аксесоари кои го носат темпераментот и лежерноста на 70-тите години. Од популарните гладијаторки, до торби со реси, сандали на рамни платформи, очила за сонце, шешири -  се е во знакот на децата на цвеќето.

 

Објавено:
2 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци