За тоа колку жените ги сакаат чевлите, многу пати сме зборувале и сè е јасно. Но, денеска ви презентираме листа на култни обувки од филмовите.
1.Волшебникот од Оз, 1939
Листата не може да се замисли без црвените чевлички на Дороти од филмот „Волшебникот од Оз“. Со боја на рубин, ова се вистински безвременски обувки.
2.Црвените чевли, 1984
Откако облече црвени балетанки, балерината не можеше да престане да игра. Тоа е најубавата, а воедно и највпечатливата сцена во филмот Црвените чевли (The Red Shoes)
3.Пепелашка, 1950
Не постои шанса дека нешто убаво ќе се случи откако жената ќе изгуби чевла, но тоа не важи за Пепелашка и нејзините стаклени чевли, кои беа патот до принцот.
4.Појадок кај Тифани, 1961
Одри Хепберн е позната дама со префинет вкус, која преферира да носи балетанки, но со улогата на Холи во ова филмско остварување, успеа да наметне вистински тренд. Балетанките станаа ултимативен симбол на стил.
5.Барбарела, 1968
Џејн Фонда го крена футуризмот на повисоко ниво како Барбарела која ја спасува галаксијата во сребрени чизми до колена.
6. Убава жена, 1990
Невозможно е да не се вљубите во Џулија Робертс и нејзините кожени високи чизми, кои беа вистински хит во 1990-тите, а се голем тренд и денес.
7.Без поим (Clueless), 1995
Комбинацијата на чевли со еднобојни доколенки во ова филмско остварување, најдобро ја прикажува модата на 1990-тите.
8.Убиј го Бил, 2003
Во познатиот акциски фил, Ума Турман носи жолти Аsics патики што ја симболизираат ултимативната женска сила, која можевме да ја видиме во авантурите на Ума, односно ликот што го игра.
9.Ѓаволот носи Прада, 2006
Затоа што секоја модна преобразба започнува со високи, Шанел чизми.
10.Сексот и градот, 2008
Позната како луд вљубеник во чевлите, Кери Бредшо ги прослави сините чевли на Маноло Бланик, кои беа нејзин избор за свадбата со Ѕверката.