Историја на точките: Од етно до Висока мода

3 април 2015

a-history-of-polka-dots-in-fashion

Во средновековна Европа, кога брокатот и жакардот се материјали резервирани за богатите и благороднички семејства, за ткаенините со точки речиси никој и да не слушнал. Во тоа време, точките сами по себе, се поврзуваат со негативни работи како на пример болести или лош предзнак, на ниво на суеверие.

Од друга страна, во незападните култури, круговите и точките се сметаат за добар знак, како сонцето на јапонското знаме, па сè до едноставните принтови испечатени на ткаенините во Далечниот Исток. Во Централна Африка, точките и круговите биле составен дел од нивните ткаенини, кои вклучуваат многу боја и принтови инспирирани од природата, од кои најчесто се изработувале фустани.

a-history-of-polka-dots-in-fashion-tribal-prints

Со текот на времето, модата сè повеќе станува алатка на самоизразување, резервирана за многу богатите, а иновацијата во ткаенините и дезените се случува, благодарение на трговските врски со Далечниот исток, каде ткаенините со принт се меѓу најпопуларните.

Па, така, во средината на 19-тиот век точките почнуваат да доживуват подем. Земјите производители на материјали, како Франција и Германија, почнуваат да прават свои точкести принтови наречени quionce, односно Thalertupfen.

1865 1865

Точкестиот дезен прво се проширува кај пониските класи, кои барале поинтересни бои и шари, но не можеле да си ја дозволат свилата, што ја купувале оние од повисокиот сталеж. На фотографијата од 1865 година, се гледа жена која е облечена во фустан со точки, во комбинација со ткаенина со риги, како држи метла во рацете. Ова е период кога принтот со точки зема замав. Инаку, името polka dot (точка) доаѓа од источноевропскиот танц наречен полка, но ставовите за веродостојноста на тоа се различни и често дискредитирани.

Точките се доминантни на модната сцена во текот на 1920-тите и 1930-тите, а особено се популарни благодарение на Мис на Америка од 1929 година, Норма Смолвуд. Таа на изборот носи костим за капење токму со овој принт. Во 1930-тите е сè позастапен на модната сцена, во црно-бела или сино-бела варијанта, со тоа што станува must have особено за летните месеци.

Нора Смолвуд Нора Смолвуд

Белите точки се дел и од насловните страни на магазините, а во 1928 година се популаризираат и преку ликот на Дизни, Мини Маус која носи точкесто здолниште.

a-history-of-polka-dots-in-fashion-Minnie-mouse

Овој принт е најзастапен кај костимите за капење, па иконата Мерилин Монро имаше голем број снимања токму облечена во овој тренд. Се смета дека тоа било и инспирацијата за песната од 1960-тите Itsy Bitsy Teeny Weeny Yellow Polka Dot Bikini, која се најде и на местото број 1 на Билборд листата.

a-history-of-polka-dots-in-fashion-marilyn-monroe

Твиги и Брижит Бардо Твиги и Брижит Бардо

Во текот на 1950-тите и 1960-тите точките го најдоа своето место и во формалната мода, а за тоа заслужна е Одри Хепберд. Фустанот со розови точки што таа го носеше во „Појадок кај Тифани“ инаку, креација на Диор, стана историски.
Точките во фолклорните парчиња на фламенко-танчарките станаа импут за дизајните во 1960-тите, а подоцна и во 1970-тите.

a-history-of-polka-dots-in-fashion-dior-and-audrey-hepburne

Овој дезен почна да навлегува на пистите, улиците и филмовите. Се сеќавате на фустанот на Џулија Робертс во Pretty Woman? А освен на облеката, принтот во 1980-тите и 1990-тите почна да се имплементира и на модните додатоци.

a-history-of-polka-dots-in-fashion-pretty-woman

Принцезата Дајана беше облечена во фустан на точки кога ја направи првата фотографија со тукушто родениот принц Вилијам. Истиот избор го направи и Војвотката од Кембриџ, Кејт кога излегуваше од болница со принцот Џорџ.

a-history-of-polka-dots-in-fashion-kate-middleton-and-princess-di

Популарноста на точките низ годините се должи на сензуалноста и женственоста со која зрачат, а истовремено и со разиграноста. Голем број дизајнери, меѓу кои и Долче и Габана, ја искористија присутноста на точките во 1950-тите како инспирација за колекциите за последните сезони. Со тоа овој дезен од фолклорни парчиња стаса и во Високата мода. А ги засакаа и мажите.

dolce-and-gabbana-spring-summer-2015-polka-dots-print-outfits-01

dolce-and-gabbana-spring-summer-2015-polka-dots-print-outfits-02

dolce-and-gabbana-spring-summer-2015-polka-dots-print-outfits-03

dolce-and-gabbana-spring-summer-2015-polka-dots-print-outfits-06

Објавено:
3 април 2015
Категорија: 
Стории