Со огромните успеси што ги постигна изминатава година, воопшто не е чудно што Кендал Џенер се појави на насловната на најпознатото машко списание GQ.
Конечно, можеме да ја видиме новата ИТ девојка во неверојатно секси издание во бели бикини, куса сива маичка комбинирана со кратки тексас панталончиња и секси долна црна облека.
Претходно, таа се појави топлес во LOVE магазинот, но и во неколку транспарентни парчиња на ревијата на Марк Џејкобс.
Во интервјуто за изданието „Love, sex and madness“ на магазинот GQ таа говори за нејзините неверојатни успеси што ги постигна за многу кратко време, но и за тоа дека се чувствува како Хана Монтана од реалниот живот.
Во написот за Кендал во магазинот, нејзините пријатели меѓу кои и Оливие Рустенг од Балман и тимот на Есте Лаудер говорат за тоа како таа полека, но сигурно станува модна икона и девојка од која многумина се инспирираат.
Погледнете ги фотографиите што веќе од утре ексклузивно ќе бидат објавени во магазинот.