Наскоро книга посветена на Левис

15 јули 2013

Оваа година компанијата Левис го слави својот 140-ти роденден. По тој повод поставена е изложба во Лос Анџелес, а сега одлучија и да објават книга посветена на славниот модел на фармерки, 501. Магијата на овој модел ја препознаа многу жени и мажи ширум светот, затоа 501 фармерките станаа класика и можат да стојат рамо до рамо со малиот црн фустан  и оделото.

Дека навистина внесоа револуција во модниот свет, покажуваат и фотографиите на моделите, актерите и останатите славни личности кои позираат облечени во Levis’s 501. Моќта на овој број продолжува и во самата книга, бидејќи таа ќе биде испечатена во 501 примерок, а ќе биде достапна од 1.8 во онлајн книжарите. Секоја книга има единствен сериски број, што е идеално за полица со книги.

Еве како ќе изгледа:

Објавено:
15 јули 2013
Категорија: 
Актуел