Која најмногу личи на Мерилин Монро?

1 јуни 2015

marilyn2

Во чест на роденденот на Мерилин Монро, како и премиерата на новиот филм The Secret Life of Marilyn Monroe, ви презентираме листа на актерки кои го толкуваа нејзиниот лик.

Сличностите некогаш се неверојатни. Која според вас, најмногу личи на славната актерка?

Мисти Роуи

филм: Goodbye Norma Jean, 1976

misty-rowe-goodbye-norma-everett

Оваа актерка се најде во улога на Мерилин Монро, во биографијата од 1976 година, која ја следи трансформацијата од Норма Џин Бајкер до Мерилин Монро.

Тереса Расел

филм: Insignificance, 1985

Teresa

Ова остварување е всушност Британска комедија, која ги презентира четирите икони од минатото - Џозеф Мекартни, Џо Димаџио, Алберт Ајнштајн и Мерилин Монро, која ја толкува Тереса Расел. Таа го носи добропознатиот бел фустан на Монро од филмот The Seven Year Itch.

Сузан Грифитс

филм: Marilyn & Me, 1991

Susan

Сузан е позната како еден од најдобрите имитатори на славната актерка, а сите беа сведоци на големата сличност во филмот Marilyn&Me. Остварувањето се осврнува на животот на американскиот писател Роберт Слатцер, кој тврдеше дека имал тајна афера и брак со Монро.

Мелоди Андерсон

филм: Marilyn & Bobby: Her Final Affair, 1993

Melodi

Мелоди е во улога на Мерилин Монро во ова остварување од 1993 година, каде се разработува наводната афера со претседателот Џон Кенеди. Од легендарната роденденска честитка Happy Birthday, Mr. President до теориите за неговата смрт, сето тоа е обработено во овој филм.

Ешли Џад и Мира Сорвино

филм:Norma Jean & Marilyn, 1996

ASHLEY JUDD AND MIRA SORVINO

Откривајќи ги двете страни на ѕвездата, овој филм од 1996 година одеше со синтагмата „Мерилин Монро беше наша фантазија. Норма Џин беше нејзината реалност“. Ешли Џан ја играше Норма Џин, додека Мира Сорвино беше Мерилин Монро.

Барбара Највен

филм: The Rat Pack, 1998

Barbara

Уште едно остварување, во продукција на HBO, што го следи животите на Син Мартин, Френк Синатра, а Барбара Највен е во улога на Мерилин, која благодарение на Фрекн Синатра се запозна со Џон Ф. Кенеди.

Попи Монтгомери

филм: Blonde, 2001

Popi

Адаптирано на новелата на Џојс Карол Blonde, ова остварување го следи подемот и падот на ѕвездата, која ја толкува Попи Монтгомери.

Мишел Вилијамс

филм: My Week With Marilyn, 2011

Michel

Мишел Вилијамс во 2011 доби Златен Глобус за најдобра актерка и номинација за Оскар во истата категорија, а ова остварување ја портретира Монро за време на снимањето на филмот The Prince and The Showgirl. Всушност, филмот се концентрира на неделата на Монро во Лондон, која ја поминува со Колин Кларк (кој пак напиша книга, што беше инспирација за филмот), додека нејзиниот сопруг Артур Милер беше надвор од државата.

Кели Гарнер

филм: The Secret Life of Marilyn Monroe, 2015

Keli Garner

Изминатиов викенд се одржа премиерата на последниот тв филм (односно мини-серии) за животот на Монро, насловен како The Secret Life of Marilyn Monroe. Во главната улога е Кели Гарнер, а во остварувањето се појавува и Сузан Сарандон, која ја игра мајката на Мерлини, која пати од ментална болест.

Објавено:
1 јуни 2015
Категорија: 
Модна икона